Дома Фудбал Англија Во Англија се воведува правило кое може многу да го промени фудбалот

Во Англија се воведува правило кое може многу да го промени фудбалот

Фудбалската асоцијација на Англија ќе воведе промена во фудбалот каква што не е видена во 155-годишната историја.

Според информациите на реномираниот „Тајмс“ во прашање е привремено отстранување од игра на десет минути за фудбалер кој направил груб тактички фаул или влегол во расправија со судијата.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Мерката како што се најавува би требало да почне да се применува од сезоната 2024/2025. За почеток тоа би било само во натпреварите од ФА Купот, а ако се покаже како добра ќе биде воведена и во останатите натпреварувања.

Сега се чека конечната потврда од Бордот на Меѓународната фудбалска асоцијација (ИФАБ) кој е задолжен за промените на правилата. Инаку, оваа иновација веќе се тестираше на детско и младинско ниво од сезоната 2019/2020, меѓутоа се уште не се користела на повисоко ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан спреми нов богат договор за Тео Хернандес

Тео Хернандес е еден од најважните фудбалери на Милан и клубот сака уште долго да го задрж…