Баерн Минхен ќе ја брани двојната круна во Германија, а веќе уште сега се распродадени влезниците за следната сезона.
Стадионите во Бундеслигата секогаш се полни, без оглед на која позиција се наоѓаат клубовите. Посебно трибините се полни на стадионите во Дортмунд и Минхен.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Стадионот на Баерн, Алијанц Арена собира 75.000 навивачи и уште сега стигна потврда дека се пополнети сите места за домашните натпревари во сезона 2019/20.
Имено, Баварскиот клуб соопшти дека се распродадени сите бундеслигашки влезници за натпреварите дома и на гости.
Покрај оа, најголема посетеност има Борусија Дортмунд, која во просек на Сигнал Идуна Парк ја гледаат 80.841 навивач.