Подолг период се шпекулира за иднината на спрскиот напаѓач од редовите на Јувентус, Душан Влаховиќ, но сега напаѓачот истакна дека сака да остане во Торино.
Влаховиќ се поврзуваше со Реал, Арсенал и Челзи, но сега во разговор за „Газета дело спорт“, Србинот истакна дека во моментов се преогвара за продолжување на соработката.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Дел сум од еден од најважните клубови во светот и навистина сум горд поради тоа. Токму затоа и понатаму се гледам себеси само тука. Имам уште две години одговорот и мојот агент веќе разговара со Јувентус. Среќен сум што сум тука и сигурно сакам продолжување на договорот“, отворено истакна Влаховиќ.
Во овој момент Влаховиќ во Торино заработува десет милиони евра, а со новиот договор таа би можела да биде повисока.