Дома Фудбал Италија Влаховиќ не ги заборава поранешните соиграчи – го тешеше трагичарот Венути 🎥

Влаховиќ не ги заборава поранешните соиграчи – го тешеше трагичарот Венути 🎥

Фиорентина вчера доминираше против Јувентус во полуфиналето од италијанскиот куп, но на крајот сепак претрпе пораз од 0:1.

Промашија фудбалерите на Фиорентина голем број шанси, посебно во првото полувреме. Казната стигна во последните моменти од натпреварот. После едно нафрлување од десната страна топката го погоди играчот на домашниот тим Лоренцо Венути и заврши во мрежата.

Несреќниот дефанзивец не можеше да верува што му се случи, беше неутешен откако ја виде топката во мрежата. Некои фудбалери на Јувентус меѓу кои беше и поранешниот напаѓач на Фиорентина, Душан Влаховиќ дојдоа да го утешат.

Сепак, Фиорентина има реванш и се уште за нив не е се загубено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо 978. гол во кариерата му го “украде” на соиграчот. Погледнете ја неговата реакција

КРИСТИЈАНО Роналдо го постигна својот 978. гол во кариерата и донесе победа на Ал Наср про…