Дома Фудбал Вклучен алармот во Неапол: Се повредил Кварцхелија

Вклучен алармот во Неапол: Се повредил Кварцхелија

Наполи игра фантастичен фудбал во изминатиот период и изгледа како еден од најсилните тимови во Европа, а „моторот“ на тимот е фантастичниот Грузиец Квича Кварцхелија.

Сега пристигнуваат лоши вести за одличниот фудбалер. Имено, Наполи потврди дека Кварцхелија заработил повреда на грбот и поради тоа ќе го пропушти дербито со Аталанта.

Во прашање е повреда на грбот и според првичните информации не се очекува долга пауза.

Грузиецот стана вистински миленик на фановите на тимот од Неапол и во досегашните 12 натпревари во Серија А постигна шест гола и запиша седум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Растодер ја прекина гол-сушата, Македонија по поразот во Глазгов оди во бараж

Македонија загуби од Шкотска со 2-1 и остана без победа на 13 натпревари во низа. Голот на…