Дома Фудбал Останато Винисиус: Такво нешто не замислував ниту во најлудите соништа, но најдоброто допрва доаѓа

Винисиус: Такво нешто не замислував ниту во најлудите соништа, но најдоброто допрва доаѓа

Taлентираниот бразилски фудбалер Винисиус Жуниор се потсети на денот во кој му се остварени двата најубави сона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Винисиус летото 2018 година потпиша за Реал Мадрид каде што дојде од бразилскиот Фламенго. Договорот за трансферот беше постигнат една година претходно, во мај 2017, а се беше официјализирано на 12. јули кога Бразилецот наполни 18 години.

За неговите услуги Реал плати 46 милиони евра.

Бразилскиот фудбалер сега на друштвените мрежи објави фотографија на која ги прикажува соништата кои му се оствариле пред три години.

„Пред три години остварив два сона. На 16 години дебитирав за Фаменго и потпишав договор со Реал. Ни во своите налуди соништа не можев да замислам дека работите ќе одат во таа насока. Благодарам на сите кои ми помогнаа и кои веруваа во мене. Најдоброто допрва доаѓа“, порача младиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дефинитивно: Капитенот на Реал Мадрид заминува!

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Зошто проблемот со уличн…