Дома Фудбал Винисиус заврши и на суд!

Винисиус заврши и на суд!

Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор ќе се појави на суд поради расистичкиот скандал против него, објавија медиумите.

Фудбалерот на „кралевите“ на видео конференција ќе учествуван а седницата на Врховниот суд во Валенсија. Засега датумот на средбата не е објавен, пред Винисиус судот ќе го повика и обвинетиот.

Реал Мадрид беше поразен со 0:1 на гостувањето кај Валенсија во рамките од 35-тото коло во шпанската Ла Лига. За време на натпреварот, Винисиус постојано беше изложен на расистички навреди од навивачите на домаќините.

Поради ваквата ситуација натпреварот беше прекинат на неколку минути, а Реал Мадрид поднесе жалба до обвинителството. По натпреварот беше објавено и дека тројца навивачи биле уапсени за инцидентот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дориев останува прв стрелец, Согдиана чека победа и по дуелот со Бухоро

Љупче Дориев ги одигра сите 90 минути во ремито 1:1 со Бухоро, а по мечот имаше време и за…