Навивачите на Спартак Москва се познати како навивачи кои знаат да прават проблеми, па така и нивното гостување во Марибор не помина без проблеми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Имено, малку недостасуваше во овој натпревар да настрада главниот судија Германецот Дениз Ајтекин.
Тие во текот на натпреварот на теренот фрлија пиротехнички средства, но за среќа Ајтекин не беше погоден, а недостасуваше навистина малку, во опасност беа и фудбалерите кои беа во негова близина.
Сигурно дека ова е инцидент за кој рускиот шампион ќе биде жестоко казнет од страна на УЕФА, но веројатно би следела и казна за Марибор поради лошата организација.