Дома Фудбал Видео: Јунајтед заборави да победува, се повреди и Рашфорд

Видео: Јунајтед заборави да победува, се повреди и Рашфорд

Проблемите за Солскјер додатно се зголемија откако попладнево беше поразен на гостувањето кај Вест Хем, а го загуби и Маркус Рашфорд.

Десеткуваниот тим на Манчестер Јунајтед изгледаше бледо на гостувањето во Лондон,а тоа добро знаеше да го искористи Вест Хем.

Јармоленко во 44 минута го отвори резултатот, а Манчестер Јунајтед имаше иницијатива во второто полувреме, но без успех. Сите дилеми околу победникот ги реши Арон Кресвел со маестрален погодок од слободен удар.

Во 61-та минута од мечот Рашфорд мораше да го напушти теренот поради повреда, што е додатен проблем за Солскјер, кој веќе не може да смета на неколкумина важни играчи поради повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фоден со хет-трик го разби АЕК: Сити немилосрден и без Халанд!

Манчестер Сити го совлада АЕК со 5-1 за втора победа во Лигата на шампионите, а Фил Фоден …