Дома Останати Кошарка Видео: Јокиќ продолжува да пишува историја – само тој и Вилт Чемберлејн, Леброн до трипл-дабл, Дејвис броеше до 45!

Видео: Јокиќ продолжува да пишува историја – само тој и Вилт Чемберлејн, Леброн до трипл-дабл, Дејвис броеше до 45!

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа 11 натпревари.

Денвер уште еднаш го победи Сан Антонио 122:119, а прва ѕвезда и на овој натпревар беше неверојатниот Никола Јокиќ кој стигна до нов трипл-дабл од 28 поени, 11 скокови и исто толку асистенции.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За Јокиќ ова беше трет трипл-дабл во низа, а шести во сезоната. Американските статистичари веднаш успеаа да стигнат до неверојатен податок. Имено, такво достигнување на три натпревари, а при тоа со таа висина оствари само Вилт Чемберлјен, сметајќи ја комплетната историја на лигата.

Зад Јокиќ следуваа Херис со 23 поени, Чендлер 18 и Бартон 15 поени. Во редовите на Спарси најекфиасен беше Лемаркус Олдриџ со 28 поени, Пати Милс собра 21 поени, а Пол Гасол 12 поени и 12 скокови.

Kливленд беше подобар од Мемфис со 112, а Леброн Џејмс стигна до 11 трипл-дабл во сезоната: 18 поени, 14 скокови и 11 асистенции.

Бостон го совлада Детроит со 110:09, предводени од Кајри Ирвинг кој имаше 18 поени, пет скокови и шест асистенции.

Индијана во победата од 116:93 над Атланта во своите редови имаше шестмина кошаркари со двоцифрен број на поени, а помеѓу нив беше и Бојан Богдановиќ со 12 поени.

Милвоки ја прекина серијата на Торонто од седум поени и славеше со резултат 112:119 после продолжениј, до дабл-дабл на оваа средба стигна Јанис Адетоукомбо со 26 поени, 12 скокови и шест асистенции.

Ниту 30 поени, девет скокови и осум асистенција на Горан Драгиќ не му беа доволно на Мајами да слави победа на Њу Орлеанс. Пеликаните славеа после продолжение 124:123, Ентони Дејвис беше еден од најдобрите играчи на вечерта и стигна до учинок од 45 поени, 17 скокови, пет блокади и пет украдени топки.

Хјустон ја продолжи серијата победи во НБА лигата совладувајќи ја Минесота со резултат 120:102. Во победничкиот Џејмс Харден уфрли 31 поени, подели девет асистенции, Клинт Капел додаде 25 поени и 11 украдени топки, Крис Пол беше на чекор од трипл-дабл со десет скокови и осум асистенции.

Србинот Милош Теодосиќ со Лос Анџелес Клиперси стигна до победа над Феникс од 128:117. Теодосиќ на паркетот помина 17 минути, уфрли три поени, украде пет топки и подели две асистенции. Најдобри во редовите на домаќините беа Лу Вилијамс со 25 поени и Тобијас Херис со 30 поени.

НБА резултати:

Детроит – Бостон 98:110

Индијана – Атланта 116:93

Вашингтон – Шарлот 105:122

Торонто – Милвоки 119:122 (после продолженија)

Хјустон – Минесота 120:102

Мемфис – Кливленд 89:112

Њу Орлеанс – Мајами 124:123 (после продолженија)

Денвер – Сан Антонио 122:119

Феникс – Лос Анџелес Клиперси 117:128

Јута – Портланд 81:100

Лос Анџелес Лејкерси – Далас 124:102.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…