Дома Фудбал Репрезентации Видео: Јапонија ја почувствува силата на бразилската машинерија

Видео: Јапонија ја почувствува силата на бразилската машинерија

0

Бразил во контролен натпревар ја надигра и лесно ја победи Јапонија со 3:1. Избраниците на селекторот Тите ја завршија работата уште во првото полувреме.

Бразил иако не играше во најсилниот состав бидејќи беше без Дани Алвеш, Миранда и Кутињо, сепак беше пресилен за Јапонија.

Нормално, се се вртеше околу Нејмар кој во 9-та минута го донесе Бразил во водство, но десет минути подоцна не успеа да погоди од белата точка. Потоа следуваше спектакуларен погодок на Марсело, а до полувемето за 3:0 погоди Габриел Жесус.

Во второто полувреме Нејмар ја креваше публиката на нозе со атрактивни потези, а Јапонците успеаа да го ублажат поразот со еден гол.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Репрезентации

Проверете

По цела деценија, во Шведска повеќе епитетот НАЈДОБАР не го носи Златан Ибрахимовиќ

Се прости од репрезентацијата, а се прости и од наградата која полна деценија љубоморно ја…