Дома Фудбал Видео: Црвена Звезда промашуваше, ЦСКА во осминафинале

Видео: Црвена Звезда промашуваше, ЦСКА во осминафинале

ЦСКА Москва е првиот осминафиналист во Лига Европа, откако вечерва со мининални 1:0 ја победи Црвена Звезда на домашен терен.

Тоа беше доволно за рускиот клуб, после ремито без голови во Белград, а херој за ЦСКА беше Алан Џагоев кој го постигна единствениот гол во 45-та минута.

Сепак, Црвена Звезда има за што да жали бидејќи при самиот крај промаши две чисти шанси кои можеа да ја однесат во осминафиналето.

Најпрво Срниќ ја промаши топката, иако беше сам во петерецот, а потоа во 90-та минута Бен имаше изгледна шанса, но шутираше покрај стативата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ромарио удри по Анчелоти: Бразил не смее да жртвува уште едно Светско!

По поразот од Јапонија со 3:2, Ромарио побара селекторска смена. Анчелоти има договор до м…