Дома Останати Кошарка Видео: Хјустон на чекор од финалето, но се повреди Крис Пол

Видео: Хјустон на чекор од финалето, но се повреди Крис Пол

Во петтиот натпревар од финалето на Западната конференција во НБА лигата, Хјустон со 98:94 го совлада Голден Стејт и поведе со 3:2 во серијата.

Хјустон подобро го отвори натпреварот и во поголемиот дел од првото полувреме имаше предност од +11, но завршницата на втората четвртина им припадна на гостите. Тој период од играта актуелниот шампион го искористи да стигне до изедначување 45:45, резултат со кој се замина на полувремето. Треба да се истакне дека во текот на првите 24 минути, Голден Стејт ниту еднаш не беше во водство.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На кратко Голден Стејт до првото водство стигна во вториот дел, но во тие моменти на теренот се „појави“ Крис Пол кој го врати Хјустон во водство. На другата страна подобар од првите две четвртини беше Клеј Томпсон, додека на почетокот на третата четвртина Стеф Кари промашуваше шутеви кои обично ги погодува без проблем. Пол после еден тежок шут дури и го провоцираше Кари прославувајќи ги поените во негов стил, а Кари сето тоа го испрати со насмевка.

Третата четвртина донесе целосно изедначен меч и двата тима заиграа подобро па и тоа како беше неизвесност. Вориорсите пред одлучувачките 12 минути имаа предност од 72:71.

Сепак, Ракетите беа за нијанса подобри во завршната четвртина и на девет минути до крајот дојдоа на +4. Во тензичната завршница во последните шест минути двете екипи дојдоа во ситуација секој нареден фаул да значи и слободни фрлања за противникот.

На крајот Хјустон успеа да слави со 98:94.

Проблем за Хјустон би можела да биде повредата на Крис Пол во финишот од натпреварот.

Ерик Гордон го предвеше Хјустон со 24 поени, Крис Пол го следеше со 20 поени, седум скокови и шест асистенции. Џејмс Харден уфрли 19 поени, но со шут за три 0-11. Клинт Капел забележа дабл-дабл со 12 поени и 14 скокови.

Кај Вориорсите најдобар беше Кевин Дурант со 29 поени, Клеј Томпсон постигна 23, а Стеф Кари еден помалку. Дрејмонд Грин имаше 12 поени и 15 скокови, но во клучните моменти правеше грешки.

Следниот натпревар се игра ноќта помеѓу сабота и недела во 03:00 часот по наше време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…