Дома Фудбал Англија Видео: Хари Кејн стигна до 200-от гол, Тотенхем загуби

Видео: Хари Кејн стигна до 200-от гол, Тотенхем загуби

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн стигна до голем јубилеј на мечот против Саутемптон и го постигна 200-от гол во кариерата, но „спарси“ останаа без бодови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хари Кејн постигна гол за водство на асистенција на Деле Али во првото полувреме и се чинеше дека гостите од Лондон лесно ќе стигнат до трите бода.

Меѓутоа, во второто полувреме Саутемптон успеа да стигне до целосен пресврт и да освои големи три бода.

Најпрвин целата одбрана на Тотенхем потфрли, а Валери погоди за 1-1, а потоа Ворд-Прауз со фантастичен гол од слободен удар му донесе радост на домаќините.

Лестер оствари важна победа, прва под палката на Брендон Роџерс откако успеа да го победи Фулам со 3:1.

Фантастичен пресврт направи и Њукасл кој губеше со 0:2 дома од Евертон, но успеа да стигне до 3:2 и да ги освои трите бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед размислува за ангажирање на хрватскиот репрезентативец

Манчестер Јунајтед размислува за можноста да го доведе Игор Матановиќ од Фрајбург, пишуваа…