Дома Останати ВИДЕО: Хаос во Лас Вегас – Мекгрегор го предаде мечот, па настана општа тепачка!

ВИДЕО: Хаос во Лас Вегас – Мекгрегор го предаде мечот, па настана општа тепачка!

Кабиб Нурмагомедов го победи Конор Мекгрегор и ја одбрани титулата во лесна категорија, но после мечот настана вистински хаос.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кабиб уште во првата рунда веднаш го фрли на под Конор имаше контрола, но не му нанесе преголема штета на Ирецот.

Шампионот го здрма Мекгрегор со силен удар на почетокот на втората рунда и потоа повторно го фрли на под и целосно доминираше, сепак Ирецот успеа да се спаси и со недозволен удар со колено го удри Кабиб.

Третата рунда донесе неколку добри удари на двете страни, Кабиб не бегаше дозволуваше Мекгрегор да го удира, но често имаше и добар одговор. Во оваа рунда Ирецот имаше поголем број важни удари и на крајот и успеа да ја доби оваа рунда.

Фрлањето на под на Кабиб започна во четвртата рунда. Успешно го контролираше и Конор го предаде мечот, а потоа настана вистински хаос и тепачка. Кабиб тргна во публиката да се пресметува со еден од тренерите на Ирецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…