Дома Тенис Видео: Федерер рутински во осминафинале на Индијан Велс

Видео: Федерер рутински во осминафинале на Индијан Велс

Рожер Федерер се пласираше во осминафиналето на Индијан Велс откако го совлада сонародникот Стан Вавринка со 6:3 и 6:4.

На Федерер му требаше нешто помалку од еден час да ја продолжи низата победи над Вавринка која сега изнесува неверојатни 17:0.

Швајцарецот кој е пред потенцијално освојување на шестата титула на Индијан Велс, во наредното коло ќе игра против Британецот Кили Едмунд кој беше подобар од Раду Албот.

Федерер доби уште поголема шанса да дојде до нова титула на Индијан Велс, откако Ѓоковиќ изненадувачки испадна од Филип Колшраибер, кој славеше против првиот тенисер на светот со 6-4, 6-4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Костовиќ ја предводи Србија на ВТА-листата: На 19 години го брка топ 100

Теодора Костовиќ е на 141. позиција со 522 бода, а влезот меѓу најдобрите сто е следната г…