Дома Фудбал Останато Видео: Срушени сите рекорди: Дебитираше со само 13 години!

Видео: Срушени сите рекорди: Дебитираше со само 13 години!

Карамоко Дембеле има само 13 години, а веќе покажува извонредни фудбалски способности и се наметна во постарите категории на шкотскиот гигнат Селтик.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Дембеле синоќа дебитираше за У-20 тимот на Селтик во натпреварот против Хартс, а во игра влезе во 81-та минута на општо задоволство на сите фанови на овој клуб.

Треба да се напомене дека младиот фудбалер од Брегот на Слоновата коста го замени Џек Аитчисон, кој минатата сезона со 16 години стана најмладиот дебитант во историјата на Селтик и веднаш постигна гол на својот прв настап.

Иако доби шанса поради тоа што голем број на фудбалери оправдано отсуствуваа бидејќи се со репрезентацијата на Шкотска до 19 години, се чини дека неговиот талент е неспорен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Важен играч на Интер се повреди неколку дена пред финалето

Учеството на Маркус Тирам во финалето за Купот на Италија против Лацио во среда е под сери…