Дома Фудбал ВИДЕО Спектакл во квалификациите за ЕП. На пет натпревари беа постигнати дури 24 гола

ВИДЕО Спектакл во квалификациите за ЕП. На пет натпревари беа постигнати дури 24 гола

По полуфиналните натпревари од плеј-офот за ЕП, остануваат уште шест репрезентации кои можат да се пласираат во Германија. Велс и Полска убедливо ги победија Финска, односно Естонија и во вторник во Велс ќе го играат првото плеј-оф финале.

Видео од головите ТУКА

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Најголемата драма се одвиваше во Зеница, каде Босна и Херцеговина за три минути го „прокоцка“ водството од 1:0, за Украина да се пласира во финалето на плејофот. Противник ќе и биде Исланд кој на неутрален терен во Унгарија го совлада Израел со 1:4. Третата финална двојка се Грузија и Грција. Грузијците го победија Луксембург со 2:0, а Грција на домашен терен лесно го совлада Казахстан со 5:0.

Видео од головите БиХ – Украина ТУКА

Плеј-оф А

Полуфинале: Велс – Финска 4:1, Полска – Естонија 5:1

Финале: Велс – Полска

Плеј-оф Б

Полуфинале: БиХ – Украина 1:2, Израел – Исланд 1:4

Финале: Украина – Исланд

Плеј-оф В

Полуфинале: Грузија – Луксембург 2:0, Грција – Казахстан 5:0

Финале: Грузија – Грција

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид објави уште еден нов дефанзивец

Реал Мадрид ја финализираше зделката со Бенфика за Алваро Карерас. Тој има 22 години, игра…