Дома Останати (Видео) Светот добива нов „Усаин Болт“: Срушен рекордот на легендата!

(Видео) Светот добива нов „Усаин Болт“: Срушен рекордот на легендата!

0

Aмериканскиот спринет Кристијан Колеман го сруши рекордот на 60 метри стар 20 години…

Младиот 21 годишен Американец експлодираше минатата година, а добрата форма ја потврди со сребрениот медал на Светското првенство во Лондон на кое успеа да заврши пред Усаин Болт во последната трка на славниот спринтер.

Колеман во иднина би можел да ги нападне рекордите на Болт кој до овој момент се сметаа за недопирливи. Сега на сите им е јасно дека овој млад спринтер има потенцијал да трча на нивото на најголемиот спринтер на сите времиња.

Еден светски рекорд веќе сруши. Станува збор за оној на 60 метри кој во далечната 1998 година го постави Морис Грин. Колеман истрча 6.37 овој викенд што е за две стотинки побрзо од рекордот на Грин.


Следете го Sportski.mk и на


Болт на 60 метри никогаш не беше помеѓу најбрзите, бидејќи неговото забрзување доаѓаше во следните 40 метри. Но, американскиот талент со ова покажа застрашувачка брзина и сигурно ќе има што да покаже и на подолгите патеки.

 

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Неверојатна снимка од стадионот на Наполи: Каква е таа дупка на трибините?

Претседателот на Наполи, Де Лаурентис пред неколку дека стадионот на овој клуб изгледа как…