Дома Останати Кошарка Видео: Сан Антонио со втора победа, Вејд го сруши Бостон!

Видео: Сан Антонио со втора победа, Вејд го сруши Бостон!

Четири натпревари се одиграа во НБА лигата, на кои победи забележаа Атланта, Сан Антонио, ЛА Клиперс и Чикаго.

Атланта го порази Вашингтон 114:99, предводена од Пол Милсап и Тим Хардавеј јуниор. Кавај Ленард блескаше во победата на Сан Антонио над Сакраменто 102:90, Блејк Грифин и Крис Пол ги предводеа Клиперси до победата во Портланд 114:106, а Двејн Вејд дебитираше за тимот од родниот град Чикаго со 22 поени во триумфот над Бостон 105:99.


Ниту „жешката“ Кнол не и помогна на Хрватска - домаќинот фуриозно! ↓↓↓


Атланта во последната четвртина, која ја доби со 33:19, го скрши отпорот на Бостон. Милсап со 28, 7 скока и 6 асистенции го предводеше тимот до победата, а Хардавеј јуниор уфрли 21 поен.

Вејд, роден во Чикаго, на залезот на кариерата доби шанса да игра во тимот од родниот град. Трикратниот шампион со Мајами, на дебито пред навивачите во Чикаго имаше учинок од 22 поени, 6 скока и 5 асистенции. Повеќе поени во триумфот на Чикаго над Вашингтон 114:99 беше само Џими Батлер кој уфрли 24 поени.

Двете најголеми ѕвезди на Клиперси Грифин и Пол постигнаа по 27 поени во триумфот над Портланд 114:106. Портланд вообичаено го предводеше Демијан Лилард со 29 поени и 10 скокови.

Сакраменто на премиерата во новата Арена загуби од Сан Антонио 102:94. Блескаше на овој меч центарот на Сакраменто Демаркус Казинс со 37 поени и 16 скокови, но неговата игра не беше доволна Кингс да забележат победа. Во триумфот на Спарси одново блескаше Кавај Ленард кој постигна 30 поени, а Ламаркус Олдриџ уфрли 16 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Се подготвува потрес во НБА: Леброн станува соиграч на Дончиќ и Ирвинг?!

Според последните информации кои се појавија во медиумите во САД, Леброн Џејмс заедно со н…