Дома Фудбал Англија ВИДЕО: Салах го „реши“ Брајтон и го врати Ливерпул на +7

ВИДЕО: Салах го „реши“ Брајтон и го врати Ливерпул на +7

0
salah

Ливерпул денес се мачеше со Брајтон, но сепак во 22-то коло домаќинот оствари победа од 1:0.

Малата резултатска криза го зафати тимот од „Енфилд“ после поразот на „Итихад“ од Манчестер Сити и елиминацијата од Вулверхемптон во купот, но тимот на Јирген Клоп денес се врати на победничките патеки.

Не им беше лесно во Брајтон, но победата ја обезбеди Мохамед Салах со голот од пенал во 50-тата минута. Така Ливерпул одново има плус седум во однос на Сити, со тоа што „граѓаните“ ги очекува натпревар против Вулвс.

Фулам со мајсторијата на Андре Шурле поведе на гостувањето кај Барнли уште во втората минута, но на крајот запишаа пораз од 2:1. Брајан и Одои си постигнаа автоголови во 20-тата и 23-тата минута.

Саутемптон со 2:1 славеше против Лестер, а со истиот резултат Вотфорд славеше кај Кристал Палас. Натпреварот помеѓу Кардиф и Хадерсфилд заврши без голови.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тухел призна: Ако Мбапе или Нејмар заминат, ќе бараме решение!

Тренерот на Пари Сент Жермен, Томас Тухел не беше категоричен дека дека двете најголеми ѕв…