Дома Фудбал Германија Видео: Ројс погоди, Дортмунд не победи, Баерн на +19!

Видео: Ројс погоди, Дортмунд не победи, Баерн на +19!

Борусија Дортмунд денес го одигра својот натпревар во рамките од 24 коло во германската Бундес лигата.

„Милионерите“ не ја искористија фаворитската улога на домашен терен против Аугусбург. Стартот на средбата воопшто не најавуваше такво нешто. Борусија стигна до предност со погодокот на Марко Ројс во 16 минута од натпреварот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во продолжение Аугусбург прикажа сосема добра игра и беше рамноправен противник на тимот кој пред почетокот ја имаше фаворитската улога.

Добрата игра на гостите се исплатеше во вториот дел. Дансо во 57 минута беше највисок по изведениот корнер и со глава успеа да ја погоди мрежата на Борусија.

По ова реми Дортмунд се наоѓа на втората позиција со еден бод повеќе од третопласираниот Шалке и големи 19 бодови заостанување зад лидерот Баерн Минхен. Во следното коло Дортмунд на гостински терен го игра натпреварот против Лајпциг.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

По освоеното Европско првенство, Јамал ужива во Грција 📸

Најголемата фудбалска сензација на денешницата, младиот Шпанец Ламине Јамал, ужива во засл…