Дома Фудбал Англија ВИДЕО: Пет гола и победа на Палас против Манчестер Сити – два од нив беа ремек-дела!

ВИДЕО: Пет гола и победа на Палас против Манчестер Сити – два од нив беа ремек-дела!

Денес од 18:00 часот се одиграа шест натпревари во англиската Премиер лига во кои видовме две изненадувања.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Кристал Палас на гостински терен го совлада Манчестер Сити со 2:3 и така го остави Ливерпул со четири бодови предност на лидерската позиција.

Сити добро го отвори натпреварот, Гундоган погоди за 1:0 во 27-та минута. Но во период од само две минути од 33-та до 35-тата Кристал Палас постигна два погодоци. Прво Шлуп изедначи, а потоа следуваше спектакуларен гол на Таусенд.

Со предност од 1:2 Кристал Палас замина на паузата.

Миливојевиќ во 51-та минута од пенал зголеми на 1:3. Сити се обидуваше, но никако не успеваше да го пронајде патот до противничката мрежа. На крајот сепак успеаа преку Де Брујн кој на пет минути пред крајот погоди за 2:3.

Второто изненадување го приреди Лестер кој исто така гостински терен го совлада Челзи со 0:1.




Останати резултати:

Бурнемоут – Брајтон 2:0

Хадерсфилд – Саутемптон 1:3

Њукасл – Фулам 0:0

Вест Хем – Вотфорд 0:2

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Салах првпат во кариерата проговори за својот однос со Мурињо

Мохамед Салах немаше вистинска шанса во Челси, кој тогаш го водеше Жозе Мурињо. Сепак, Еги…