Дома Останати Кошарка Видео: Ноќ на кариерата за Никола Миротиќ, Голден Стејт и Њу Ореланс ги дели само победа од 1/4 финалето

Видео: Ноќ на кариерата за Никола Миротиќ, Голден Стејт и Њу Ореланс ги дели само победа од 1/4 финалето

И во ноќта која е зад нас во НБА лигата беа одиграни три натпревари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Голден Стејт дојде на чекор од пласман во ¼ финалето во плеј-офот откако ја забележаа и третата победа против Сан Антонио Спарс.

Вориорсите славеа против Сан Антонио кој од клупата не беше предводен од Грег Поповиќ кој доживеа семејна трагедија 110:97.

Гледајки по четвртините мечот беше интересен и неизвесен, но од средината на втората Голден Стејт само продолжи да ја зголемува предноста. Шон Ливингстон се повреди во текот на натпреварот, но Стив Кер порача дека се работи само за мала повреда.

Кевин Дурант беше најеифкасен помеѓу Вориорсите со 29 поени на кои додаде уште девет скока и пет асистенции. Клеј Томпсон го следеше со 19 поени. На другата страна кај Спарси најдобар беше Лемркус Олдриџ со 18 поени, а Тони Паркер натпреварот го заврши со два поени.

Актуелниот шампион во овој момент има предност од 3:0 во серијата.

Во останатите два натпревари Њу Орлеанс славеше над Портланд со 119:102 и така стигна до предност од 3:0, додека Филаделфија на гостински терен го победи Мајами со 108:128 и така поведе со 2:1 во серијата.

Никола Миротиќ за Њу Орлеанс ја одигра веројатно најдобрата ноќ во неговата кариера уфрли 30 поени, додаде две асистенции и запиша осум скокови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Хаос во Њујорк по освоената титула – навивачите го демолираа градот (Видео)

Титулата по 54 години предизвика огромна еуфорија меѓу навивачите на Њујорк Никс, но славј…