Дома Останати Кошарка Видео: Нов историски натпревар на Вестбрук, се израмни со Мајкл Џордан!

Видео: Нов историски натпревар на Вестбрук, се израмни со Мајкл Џордан!

Расел Вестбрук со нова одлична партија и дрипл-дабл ја предводеше Оклахома до победа над Њу Орлеанс со 101-92 и испиша нова историја во НБА лигата.

Изминатата ноќ, Вестбрук, го забележа петтиот трипл дабл учинок во низа, со што го израмни рекордот на легендарниот Мајкл Џордан поставен во 1989 година.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Вестбрук забележа 28 поени, 17 скокови и 12 асистенции и стана прв играч по Мајкл Џордан кој запишал трипл дабл на пет натпревари во низа. Плејмејкерот овој пат доби поддршка од Енес Кантер (17 поени, 10 скокови), Виктор Оладипо (15 поени) и Рајан Андерсон (13 поени).

Њујорк го совлада Сакраменто 106:98 и ја забележа осмата победа на последните 11 натпревари. Кармело Ентони и Дерек Роуз постигнаа по 20 поени за Никси, додека Сакраменто го предводеше Демаркус Казинс со 36 кошеви и 12 скокови.

Орландо славеше во Детроит 98:92 благодарение на учинок на своите центри Серж Ибака (21 поен) и Никола Вучевиќ (16 поени).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Избрани се најдобрите петорки во НБА лигата за сезоната 2024/25

НБА ЛИГАТА ги избра најдобрите петорки за сезоната 2024/25. Четворица играчи добија максим…