Дома Фудбал Англија Видео: Мурињо му се реваншира на Гвардиола!

Видео: Мурињо му се реваншира на Гвардиола!

Јунајтед го победи Сити во манчестерското дерби, кое се одигра во рамките на осминафиналето во Лига купот. Покрај Манчестер Јунајтед четвртфинале изборија Вест Хем, кој славеше над Челзи (2:1) и Саутемптон со минималната победа над Сандерленд.

Мурињо и Гвардиола започнаа со комбинирани состави со тоа што Јунајтед имаше за нијанса посилен почетен состав.


Време е за фудбалска класика: Шпанија - Италија! ↓↓↓


Првиот дел мина во тактичко надмудрување, со нешто подобра игра на Манчестер Јунајтед. Мечот го реши во раната фаза на вториот дел Мата, Ибрахимовиќ мина по левата страна упати центаршут по земја, во петерецот Ерера собори еден од противничките дефанзивци, судијата Дин оцени дека немало прекршок, а Мата го совлада Кабаљеро.

Јунајтед неколку минути пред водечкиот гол имаше добра шанса, но ударот на Погба заврши во дирекот.

Сити во останатиот дел од натпреварот не успеа да се закани, а поразително за Гвардиола ќе делува податокот дека неговите играчи за 90 минути не упатија ниту еден директен удар кон голот на Де Геа.

Вест Хем, во лондонската пресметка, славеше над Челзи 2:1. Домаќинот мечот го отвори со голот на Кујате по само 11 минути игра. Со тој резултат се замина на одмор, а во третата минута од вториот дел Фернандез ја зголеми предноста на „чеканите“. До крајот Челзи преку Кејхил во 95 минута го постигна почесниот гол.

Коментари