Дома Фудбал Видео: Момците на Мурињо повторно се лизнаа!

Видео: Момците на Мурињо повторно се лизнаа!

Манчестер Јунајтед никако да почне да победува во континуитет. Избраниците на Мурињо загубија два бода против Стоук, откако одиграа 1:1.

Првото полувреме помина во доминација на домаќините, но Херера, Ибрахимовиќ и Погба не успеаа да ги искористат шансите.

„Црвените ѓаволи“ конечно постигнаа гол во 69-та минута преку Марсијал, кој влезе во игра само две минути претходно.

Во 82 минута Џо Ален успеа да се најде на вистинското место, да прибере една одбиена топка од пречката и да ја смести во голот за 1-1 за ново разочарување на Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дига му донесе три бода на Тренчовски за роденден, Олимпија останува во трката

Олимпија победи со 1:0 кај Бриње Гросупље со гол во 82. минута. Југослав Тренчовски го про…