Актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус без поголеми проблеми дојде до победа од 0:2 на дерби пресметката против Милан, со двата погодоци на Гонзало Игуаин.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Аргентинецот најпрво погоди на средина од првиот дел, откако одлично беше проигран од Дибала, па не му беше проблем да го совлада Донарума за почетна предност на „старата дама“.
Во вториот дел, поточно во 63. минута од средбата одлична акција креираа Дибала и Асамоа, по што на крајот топката повторно дојде до Игуаин кој ги постави конечните 0:2.