Дома Фудбал Италија ВИДЕО: Милано обоен во сино, киксот на Донарума го казни Икарди во 92-та минута!

ВИДЕО: Милано обоен во сино, киксот на Донарума го казни Икарди во 92-та минута!

0
icardi

Вечерва беше одиграно дербито на колото во италијанската Серија А за кое кога се головите во прашање не можеме да кажеме дека ги оправда очекувањата.

Интер и Милан вечерва одиграа натпревар кој беше одлучен во последните секунди. „Нероаѕурите“ кои пред оваа средба имаа серија од шест победи во низа подобро отворија и создаваа шанси пред голот на Донарума.

„Нероаѕурите“ во првото полувреме и успеаа да ја затресат мрежата преку Мауро Икарди, но неговиот гол беше поништен поради офсајд позиција, условно кажано домаќинот на овој натпревар погоди и една статива.

Милан иако беше во подредена улога знаеше да се закани и тие ја погодија мрежата на противникот, сепак и тие поентираа од недозволена позиција, па Марко Гвида и овој пат реагираше.


Следете го Sportski.mk и на


Во вториот дел гледавме нешто посмирена игра, а моментот на одлука се случи во последните минути.

Матија Весино испрати центаршут, после кој Џанлуиџи Донарума направи катастрофална грешка и дозволи Икарди да ја постигне погодок кој значеше и три бода „нероаѕурите“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Де Лаурентис: Каков успех е тој ако позајмиш 200 милиони евра да купиш еден играч?

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис се обиде да се сочуствува со разочараните на…