Дома Фудбал ВИДЕО Меси неконтролирано плачеше за време на финалето на Копа

ВИДЕО Меси неконтролирано плачеше за време на финалето на Копа

Аргентина ја освои Копа Америка. Во финалето по продолженијата ја победија Колумбија со 1:0, а единствениот гол го постигна Лаутаро Мартинез во 112. минута.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, во центарот на еден од најемотивните моменти на целиот турнир беше Лионел Меси. Аргентинската легенда мораше да ја напушти играта во 66. минута поради повреда на скочниот зглоб, а потоа камерите го фатија како неконтролирано плаче на клупата за резерви.

За среќа на Меси, Аргентина без него успеа да ја победи Колумбија и да ја освои втората последователна титула на Копа Америка и вкупно 16-та.

По натпреварот, Меси како капитен го подигна трофејот, кој беше негов вкупно 45-ти во кариерата, со што го зацврсти статусот на апсолутен рекордер во историјата на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити го враќа Мареска, Челси ќе добие 20 милиони евра

Манчестер Сити постигнал договор со Челси за предвремен раскин на договорот на Енцо Мареск…