Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Меси го поздрави Гвардиола, Арсенал немилосрден!

Видео: Меси го поздрави Гвардиола, Арсенал немилосрден!

Барселона комплетно го надигра Манчестер Сити во дербито на 3-то коло од ЛШ. Победи остварија и Арсенал, Баерн, Атлетико и ПСЖ.

Барселона со 4:0 го победи Манчестер Сити, а Лео Меси со хет-трик го поздрави својот поранешен тренер Пеп Гвардиола.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Барса со погодок на Меси во 17 минута поведе со 1-0. По осум минути игра се случи можеби клучниот момент, Клаудио Браво играше со рака надвор од шеснаесетникот и доби директен црвен картон.

Следуваа уште два гола на Меси за негов хет-трик и убедливо водство од 3-0. Во последните минути Нејмар најпрво не успеа да погоди и пенал, а потоа го постави конечниот резултат 4:0.

Арсенал со високи 6:0 го победи Лудогорец, а играч на натпреварот беше Месут Озил кој го постигна својот прв хет-трик во кариерата. Резултот го отвори Санчез, а погодија уште и Волкот и Окслејд Чемберлејн.

Изненадување направи Бешикташ кој со 3-2 го победи Наполи на негов терен. Гостинска победа славеше и Бенфика која го совлада Динамо Киев со 2-0, а со истиот резултат триумфираше и Менхенгладбах кај Селтик. ПСЖ со 3-0 беше подобар од Базел.

Во групата Д фаворитите без проблем. Атлетико го победи Ростов со 1:0 со голот на Караско, додека Баерн славеше со 4:1 над ПСВ со головите на Милер, Кимих, Левандовски и Робен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Јувентус го сака Санчо, но испратил понижувачка понуда

Санчо наводно се договори со Јувентус, но клубовите уште не го постигнале потребниот догов…