Кливленд оствари нова победа на крилјата на Леброн Џејмс, магична ноќ имаше плејмејкерот на Портланд, Демијан Лилард.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Плејмејкерот на Портланд, Лилард за три четвртини реализираше 50 поени против Сакраменто. Тој реализираше 16 од 26 обиди, вклучувајќи и 8 тројки од 13 шута и беше перфектен од линијата за слободни фрлања со 10 од 10.
Неговиот тим имаше големо водство, па откако Лилард реализираше 50 поени за нешто над 29 минути игра, доби одмор и не се појави на паркетот во последната четвртина.
Кливленд Кавалирс дојде до 32 победа откако на домашен терен ја надигра Атланта со 123-107. Лидер беше Џејмс кој запиша трипл-дабл од 22 поени, 12 скокови и 19 асистенции, а фантастични од клупата за резерви беа Корвер и Грин кои заедно реализираа 54 кошеви.
Резултати:
Детроит – ЛА Клиперс 95-108
Филаделфија – Њу Орлеанс 100-82
Атланта – Кливленд 107:123
Бостон – Индијана 91-97
Хјустон – Денвер 130-104
Мајами – Милвоки 91-85
Јута – Шарлот 106-94
Чикаго – Минесота 114-113
Сакраменто – Портланд 100:118