Дома Фудбал Англија Видео: Лестер не застанува, нов триумф на „лисиците“

Видео: Лестер не застанува, нов триумф на „лисиците“

Тимот на Лестер продолжува со одличните резултати и попладнево освои нови три бода на тешкото гостување кај Астон Вила.

Варди и „лисиците“ покажаа дека се во импресивна форма и можеби единствениот ривал на Ливерпул за титулата во овој момент.

Варди го отвори резултатот во 20-та минута, а дваесет минути подоцна Икеначо зголеми на 2:0. Пред паузата надежта на домаќините ја врати Грилиш кој намали на 1:2.

Во вториот дел „лисиците“ комплетно го надиграа тимот на Астон Вила, па со головите на Еванс и Варди славеа висока победа од 1:4.

Во останатите два меча попладнево, Њукасл по пресврт го совлада Саутемптон со 2-1, додека Шефилд беше подобар од Норич нагости со 1-2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меси за пензионирањето на Касиљас: Беше ривал кој те правеше подобар играч

Eден од најдобрите голмани во историјата Икер Касиљас вчера објави дека ја завршува кариер…