Дома Останати Кошарка Видео: Леброн Џејмс нерешлива енигма за Бостон

Видео: Леброн Џејмс нерешлива енигма за Бостон

0

Кошаркарите на Кливленд со брекј во Бостон ја отворија финалната серија во Источната конференција, во НБА лигата и победија со 117:104.

Актуелните шампиони до триумфот стигнаа благодарение на Леброн Џејмс кој во овој плејоф игра во неверојатна форма. „Кралот Џејмс“, натпреварот го заврши со 38 поени, девет скокови и седум асистенции.

Кошаркатите на Кливленд имаа една недела за одмор, за разлика од противникот кој играше седум натпревар во полуфиналето против Вашингтон. Тие триумфот го најавија уште во првата четвртина (30:19), а по првиот дел имаа 2 поени повеќе од противникот.

Покрај Џејмс, кај победникот се истакнаа уште Кевин Лав со 32 поени и 12 скокови, односно Тристан Томпсон со 20 поени.

Најефикасни играчи кај Бостон беа Џае Краудер и Ејвери Бредли со по 21 поен, додека Ајзеа Томас забележа 17 поени и 10 асистенции.

Наредниот меч од оваа серија ќе се одигра ноќта помеѓу петок и сабота, а домаќин повторно ќе биде Бостон.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Кошарка

Проверете

Видео: Промашување од Леброн какво што ретко се гледа

Кливленд го победи Бруклин со 119:109, а натпреварот го обележи Леброн Џејмс со 33 поени, …