Дома Останати Кошарка Видео: Лав и Кливленд за едно полумвреме го „срушија“ Мајами

Видео: Лав и Кливленд за едно полумвреме го „срушија“ Мајами

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа пет натпревари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тимот на Кливленд славеше победа во натпреварот против Мајами од 108:97. За домаќинот ова беше 14 победа во сезоната, додека Мајами стигна до 10 пораз оваа сезона.

Кливленд во натпреварот против Мајами демонстрираше сила на теренот и на крајот славеше со 108:97 за деветата победа во низа. Домаќинот натпреварот го одлучи во првото полувреме кое го доби со 75:49.

Во второто полувреме како да истрча друг тим на теренот, па кошаркарите на Кливленд успеаа да уфрлат само 33 поени, но сепак и тоа им беше доволно за да стигнат до победата. Најефикасен во тимот на Кливленд беше Кевин Лав со 38 поени, а покрај тоа забележа и девет скокови, две асистенции и две украдени топки. Леброн Џејмс натпреварот го заврши со дабл-дабл учинок од 21 поени и 12 скокови, а покрај тоа запиша шест асистенции пет украдени топки. Двејн Вејд додаде 17 Смит 12, а Кајл Корвер 11 поени.

Во тимот на Мајами најефикасен беше Дион Вејтерс со 21 поен, Бен Абедајо постигна три помалку, Џош Ричардсон броеше до 15, додека Хасан Вајтсајд забележа дабл-дабл со 11 поени и 14 скокови.

Во останатите натпревари, Чикаго забележа победа против Феникс од 99:104, Вашингтон на гостински терен славеше победа од 92:89 против Минесота, Јута на свој терен беше подобра од Денвер со 106:77, а Сакраменто на домашен беше поразен од Милвоки со резултат 87:112.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Oва би било спектакл: Ќе заигра ли Леброн со Јокиќ?!

Еден од најголемите кошаркари во историјата, ЛеБрон Џејмс, стана слободен играч откако одл…