Даниел Кормиер успешно ја одбрани титулата во тешка категорија, откако го победи Дерик Луис во втората рунда од главната борба на УФЦ 230 евентот во „Медисон Сквер Гарден“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Кормиер како голем фаворит влезе во борбата, а олимпискиот шампион во борење успеа да ја неутрализира офанзивата на Луис и на крајот да победи псоле две рунди.
Луис му зададе неколку добри удари, но Кормиер го сруши. Брзо се врати на нозе, но неколку моменти подоцна повторно беше на падот, а тука имаше мали шанси против шампионот. Во втората го погоди со кроше, но не дојде до нокаут, следуваше „гушење“ на Кормиер од зад грб.
Кормиер со ова стана првиот борец кој одбранил појас во две тежински категории во УФЦ. Ова му беше 22-ра победа во 24-тата борба.
https://youtu.be/xUJJS5i3Dtk