Дома Останати Кошарка Видео: Кливленд убедлив на стартот, ГС потфрли

Видео: Кливленд убедлив на стартот, ГС потфрли

Кошаркарите на Кливленд со убедлива победа, на најголемите фаворити за титулата Голден Стејт со убедлив пораз ја отворија новата сезона во НБА лигата.

Кливленд, одбраната на шампионскиот прстен ја започна со убедливиот триумф над Њујорк 117:88. Леброн Џејмс уште во првиот натпревар забележа „трипл-дабл“ (19 поени, 14 асистенции, 11 скокови). Кајри Ирвинг мечот го заврши со 29 поени, а Кевин Лав со 23 поени и 12 скокови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Њујорк, кој состави амбициозен тим, на шампионот му пружи отпор само во првото полувреме. Кармело Ентони постигна 19, а Дерик Роуз 17 кошеви за Никси.

Вицепрвакот и според многумина најголемиот фаворит за освојување на титулата, Голден Стејт, во првиот меч доживеа дебакл против Сан Антонио 100:129.

Спарси во чии редови повеќе го нема Тим Данкан, кој по две децении замина в пензија, доминираа од првата до последната минута, во секоја од четвртините уфрлија најмалку 30 поени и заслужено победија.

Кавај Ленард со 35 поени го предводеше тимот, а брилијантен учинок имаше и Ламаркус Олдриџ (26 поени, 14 скокови).

Кевин Дурент со 27 поени и 10 скокови, односно Стеф Кари со 26 поени беа најефикасни кај Голден Стејт.

Портланд со победа стартуваше во новата сезона, благодарение на неверојатниот Демијан Лилард. Портланд ја совлада Јута 113:104, а Лилард постигна 39 поени. Јута на овој меч настапи без своите двајца најдобри играчи Хејворд и Фејворс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Надал после маратонска битка до полуфинале

Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Баштад, откако славеше над Ар…