Дома Останати Кошарка НБА Видео: Кливленд продолжува да гази, Голден Стејт може и без Кари

Видео: Кливленд продолжува да гази, Голден Стејт може и без Кари

0

Екипата на Кливленд ја запиша 13-та понбеда по ред и го израмни рекордот на франшизата, а Голден Стејт и без Стеф Кари успеа да го победи Шарлот.

Леброн Џејмс со 32 поени, 11 скокови и 9 асистенции го предводеше Кливленд до триумф од 101-95 над Сакраменто. Вицешампионот се врати од негатива од 14 поени во третата четвртина за да ја продолжи одличната серија за 13-та победа во низа.

Кај тимот на Сакраменто отпор даде само ветеранот Зек Рендолф, кој забележа 18 поени и 10 скока, но тоа не беше доволно за да се избегне пораз.

Без Стеф Кари во екипата, Кевин Дурент ја презеде одговорноста и со трипл-дабл му донесе победа на Голден Стејт. МВП играчот на минатогодишното финале постигна 35 поени, 11 скока и 10 асистенции и го запиша првиот трипл-дабл во сеzоната.

Резултати:
Кливленд – Сакраменто 101:95
Индијана – Чикаго 98:96
Орландо – Атланта 110:106
Бостон – Далас 97:90
Њујорк – Мемфис 99:88
Шарлот – Голден стејт 87:101
Милвоки – Детроит 104:100
Њу Орлеанс – Денвер 123:114
Сан Антонио – Мајами 117:105
ЛА Клиперс – Минесота 107:113

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In НБА

Проверете

Ново признание за Роџер Федерер

Федерер е избран за странска спортска личност на годината во изборот на британската медиум…