Со 33-от трипл-дабл во кариерата, Никола јокиќ се проби на 10-то место на вечната листа во НБА лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Српскиот репрезентативец ги предводеше Денвер Нагетс до петтата победа во низа на домашен терен против Минесота 109:100.
Со новиот троен учинок, Јокиќ го помина Ражон Рондо, а се изедначи со Боб Коузи 10-тото место на вечната листа, како единствен Европеец во оваа категорија. Србинот постигна 22 поени и по десет скока и асистенции.
Голден Стејт конечно успеа да дојде до победа, на домашен терен беше подобар од Њу Орлеанс со 106-102 во дуелот на двете последнопласирани екипи во Западната конференција.
Далас Маверикс забележаа убедлива победа во Филаделфија 117:98. Блескаше на овој натпревар Летонецот Прозингинс со 22 поени и 18 скока.
Резултати:
Кливленд-Мемфис
114:107
Индијана-Сакраменто 119:105
Бостон-Детроит 114:93
Торонто-Вашингтон 122:118
Мајами-Њујорк 129:114
Оклахома-Финикс 98:117
Портланд-Орландо 118:103
Голден стејт-Њу Орлеанс 106:102