Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Историска ноќ за Аталанта, Мурињо не е тоа што беше

Видео: Историска ноќ за Аталанта, Мурињо не е тоа што беше

Аталанта запиша историски триумф над Валенсија (4:1) во првиот осминафинален дуел во ЛШ. Мурињо поразен на домашен терен од Лајпциг (0:1)

Фудбалерите на Аталанта вечерва одиграа историски меч во Лигата на шампиони на преполниот Сан Сиро и се пред пласман во четвртфиналето.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во 16-та минута Гомез одлично асистираше, а Хатебур погоди за водство од 1:0. Пред самиот крај на првото полувреме Иличиќ погоди за водство од 2:0.

Фреулер во 57-та минута со спектакуларен гол донесе водство од 3:0, а неколку минути подоцна Хатебур со својот втор гол погоди за „покер“ за Италијанците. Почесниот гол за гостите го постигна Чиришев во 66-та минута.

Лајпциг запиша голема победа на гости кај Тотенхем и се наоѓа пред историски пласман во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

Мурињо имаше големи кадровски проблеми пред мечот, особено во нападот, па тоа се одрази и на резултатот.

Во првото полувреме мрежите мируваа, а во 58-та минута судијата покажа на белата точка. Тимо Вернер беше прецизен и го матираше Лорис.

До крајот видовме неколу шанси на двете страни, но резултатот остана непроменет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …