Дома Фудбал Видео: Имобиле шоу, Бонучи му донесе победа на Милан, на Беневенто му тргна

Видео: Имобиле шоу, Бонучи му донесе победа на Милан, на Беневенто му тргна

Во попладневните натпревари од 20-то коло во Серија А во центарот на вниманието беше напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле кој постигна четири гола во победата над СПАЛ.

Лацио освои три бода на гостивањето кај СПАЛ (2:5), а херој за тимот од Рим беше Чиро Имобиле кој постигна четири гола, а еднаш погоди и Луис Алберто.

Милан конечно успеа да победи и тоа пред своите навивачи. „Росонерите“ го победија Кротоне со голот на Леонардо Бонучи.

Беневенто дојде во втората победа, откако со пресврт ја совлада Сампдорија со 3-2 на домашен терен. Минимален триумф запиша и Џенова над Сасуоло со голот на Галабинов.

Наполи рутински ја совлада Верона со 2:0, а стрелци на головите за лидерот во Серија А беа Кулибали и Калјехон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Борнмут го потопи Јунајтед: „Олд Трафорд“ се празнеше, опасната зона е на бод!

Манчестер јунајтед загуби со 0:3 пред своите навивачи и по осум кола има само седум бода. …