Дома Останати Кошарка Видео: Дурент ја прегази „својата“ Оклахома!

Видео: Дурент ја прегази „својата“ Оклахома!

Долгоочекуваната прва средба на Кевин Дурент со својот поранешен тим Оклахома, мина во знакот на Голден Стејт и самиот Дурент кој со 39 поени буквално го прегази тимот во која настапуваше до оваа сезона.

Голден стејт и го нанесе првиот пораз на Оклахома оваа сезона и тоа благодарение на нивната поранешна ѕвезда, Дурент кој беше исклучително шутерски расположен и постигна 39 поени, погоди 15 од 24-те обиди од поле.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


По израмнетата прва четвртина во која Оклахома имаше и предност, во втората се случи тотална доминација на домаќините. На паузата се замина со 68-43, а до крајот Голден Стејт рутински го одржуваше водството.

Кливленд останува единствената непоразена екипа во лигата. Актуелниот шампион синоќа на свој терен го совладаа составот на Бостон Селтикс со 128:122, а повторно на теренот одлични беа тројата Џејмс, Лав и Ирвинг.

Резултати:
Голден Стејт – Оклахома 122:96
Минесота – Денвер 99:102
Милвоки – Индијана 125:107
Кливленд – Бостон 128:122
Орландо – Сакраменто 102:94

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ играше со посебен натпис на патиките, ги воодушеви навивачите

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ нема да го памети по добро натпреварот во НБА купот, кој…