Дома Останати Кошарка НБА Видео: Дурент ги победи „своите“, Кливленд го доби дербито со Торонто

Видео: Дурент ги победи „своите“, Кливленд го доби дербито со Торонто

Богата програма имаше синоќа во НБА лигата, а најголемо внимание привлекоја победите на Голден Стејт и Кливленд над Оклахома односно Торонто.

Кевин Дурент отиде на гостување кај неговиот поранешен тим Оклахома Сити Тандер и се врати дома со победа (111:107)


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тој постигна 34 поени и 10 скока, надополнети со 1 блок и 1 украдена топка. Клеј Томпсон му помогна со 20 поени, иако беше лош од зад линијата за три поени,

Во поразените Оклахома најдобар играч беше Расел Вестбрук кој одигра маестрална партија со постигнати 44 поени, 16 скокови и 6 асистенции.

Кливленд го доби дербито против Торонто (112:106), предводен од одличниот Леброн Џејмс кој постигна 27 поени, 10 скока и 6 асистенции.

Останати резултати:
Филаделфија – Бруклин 121:95
Мајами – Атланта 101:98
Њујорк – Орландо 73:97
Чикаго – Шарлот 120:114
Хјустон – Вашингтон 120:104
Милвоки – Бостон 106:102
Далас – Портланд 115:109
Денвер – Индијана 107:104
Јута Џез – ЛА Лејкерс 117:110
Феникс – Сакраменто 97:94
ЛА Клиперс – Сан Антонио 113:110

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Во НБА ќе има нов шампион: Јокиќ и Денвер елиминирани!

НБА лигата ќе добие нов шампион, ова стана јасно откако изминатата вечер Минесота го совла…