Дома Фудбал Англија Видео: „Граѓаните“ без проблеми против Борнмут

Видео: „Граѓаните“ без проблеми против Борнмут

Манчестер Сити запиша нови три бода со победа на гостувањето кај Борнмут во рамките на 3-то коло од Премиер лигата.

„Граѓаните“ стигнаа до триумф благодарение на головите на Агуеро кој стрелаше два пати и Стерлинг. Аргентинецот го отвори резултатот, а потоа на 2:0 зголеми Англичанецот.

Пред крајот на првото полувреме домаќините ја вратија надежта со прекрасниот гол на Вилсон од слободен удар.

Во второто полувреме „граѓаните“ повторно ја имаа иницијативата, домаќините спорадично се закануваа, а конечните 3:1 ги постави Агуеро во 64-та минута.

https://youtu.be/EvNhq9K4Fus
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Oфицијално: Ливаковиќ е нов голман на Барселона!

Доминик Ливаковиќ официјално стана новиот голман на Барселона. Искусниот хрватски чувар на…