Дома Останати Кошарка Видео: Голден Стејт испиша нова историја во НВА!

Видео: Голден Стејт испиша нова историја во НВА!

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс изминатата ноќ забележаа победа во Далас 112:87 и се запишаа во историјата на НБА лигата.

Вориорс ја предводат лигата со 57 победи, а триумфот во Далас беше 28 на гостински терен за овој тим во тековната сезона. Со оваа победа Вориорси влегоа во историјата на НБА лигата како прв тим кој три сезони по ред бележи најмалку 28 победи на гостински терен.

До триумфот во Далас екипата на Стив Кер ја предводеа Клеј Томпсон со 23 поени (пет тројки) и Стеф Кари со 17 поени и девет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ со објава за своите ќерки по разводот од Ана Марија (Фото)

Лука Дончиќ (27) објави на Инстаграм порака посветена на своите ќерки. Објавата доаѓа по р…