Дома Фудбал Италија Видео: „Волчицата“ го освои Неапол!

Видео: „Волчицата“ го освои Неапол!


Кој ќе освои трофеј во Бундеслигата, а кој ќе испадне од Премиер лигата!? ↓↓↓



Екипта на Рома оствари голема победа на гостувањето во Неапол и му фрли ракавица на Јувентус во борбата за титулата.

Од самиот почеток дуелот доби високо темпо, со по неколку шанси за гол на двете страни, но и двете екипи имаа проблеми во завршницата. Така беше се до 43 минута, кога Един Џеко го искористи прекрасното додавање на Мохамед Салах по грешката на Кулибали и донесе водство од 0-1 за Рома.

Во 54 минута, Џеко одново го матираше голманот на Наполи. По една нафрлена топка од прекин, Босанецот само се поклони на подалечната статива за водство на Рома од 0-2.

Пет минути подоцна Кулибали намали на 1-2 и ја врати надежта кај домаќините за добар резултат. Сепак, Салах во 85 минута по една брза контра ги реши сите дилеми и ги постави конечните 1-3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се спушта завесата во Премиер лигата: Лестер или Евертон, еден ќе ја напушти елитата

Кој ќе освои трофеј во Бундеслигата, а кој ќе испадне од Премиер лигата!? ↓↓↓ Денес има го…