Дома Останати Кошарка НБА Видео: Вестбрук руши рекорди, Јокиќ незадржлив

Видео: Вестбрук руши рекорди, Јокиќ незадржлив


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Расел Вестбрук постигна 19 поени, осум скока и направи 15 асистенции во победата на Оклахома Сити над Детроит со 123:110, а при својата трета асистенција во натпреварот си загарантира просечни „трипл-дабл“ индикатори за трета сезона по ред.

Досега во оваа сезона бекот на Тандер има 23.0 поени, 11.1 скока и 10,5 асистенции во просек на натпревар. Вестбрук синоќа немаше ден во однос на шутот (6/18 од игра), а кон статистиката си додаде и 8 скока, 1 одземена топка и 4 грешки за вкупно 35 минути на теренот. Поефикасен од него во мечот беше Пол Џорџ со 30 поени, а кај противниците одличен натпревар одигра Џејк Грифин.

Луд меч беше одигран и во Шарлот, каде што се водеше голема борба до самиот финиш. Најпрво Кавај Ленар на 15 секунди до крајот постигна поени за водство на Торонто, а на три секунди до крајот Џереми Ламб со тројка направи пресврт за триумф за Шарлот.

Денвер со победата над Портланд 119:110 ја обезбеди титулата во дивизијата Среден запад. Никола Јокиќ го предводеше својот тим со 22 поени, 13 скока и девет асистенции.

Останати резултати:
Орландо – Атланта 149-113
Вашингтон – Сан Антоно 112-129
Хјустон – Њујорк 120-96
Индијана – Бостон 97-117
Минесота – Мајами 111-109
Далас – Мемфис 112-122
Финикс – Њу Орлеанс 133-126
Голден Стејт – Кливленд 120-124
Лос Анџелес клиперс – Лос Анџелес лејкерс 117-122

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Легендарниот Федор брутално претепан замина во пензија🎥

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Легендарниот Федор Е…