Дома Останати Кошарка Видео: Верувале или не – Вестбрук не постигна трипл дабл

Видео: Верувале или не – Вестбрук не постигна трипл дабл

Неверојатната трипл дабл серија на Расел Вестбрук заврши изминатата ноќ, на натпреварот со Бостон. Оклахома славеше над Бостон 99:96, а Вестбрук имаше учинок од 38 поени, 12 скокови и шест асистенции.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Расел Вестбук застана на бројката од седум трипл дабл учиноци во низа, со што го израмни рекордот на Мајкл Џордан од 1989 година.

Оклахома го победи Бостон 99:96, а покрај Вестбрук забележителни улоги во победничкиот тим имаа Стивен Адамс (16 поени, осум скока) и Енес Кантер (14 поени, шест скокови). Бостон го предводеше Ал Хорфорд со 19 поени.

Резултати:
Детроит – Филаделфија 79:97
Минесота – Голден стејт 108:116
Оклахома – Бостон 99:96
Феникс – Њу Орлеанс 119:120
ЛА Лејкерс – Њујорк 112:118

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дали ова е крајот на сезоната за Лука Дончиќ? Одговорот е во рацете на Лејкерс

Додека Лос Анџелес Лејкерс губат со 0-1 во полуфиналето на Западната конференција и чекаат…