Дома Фудбал Видео: Барса со пресврт до големи три бода!

Видео: Барса со пресврт до големи три бода!

Барселона го задржа максималниот учинок во Примера, откако со пресврт славеше на гостувањето кај Реал Сосиедад.

Барселона не го отвори добро мечот и Елустондо во 12-та минута погоди за водство на Сосиедад, а тој резултат на семафорот стоеше до 63-та минута.

Домаќините имаа неколку шанси да ја зголемат предноста, но Тер Штеген беше фантастичен, а потоа Барса ги казни промашувањата.

Најпрво во 63-та минута Суарез погоди за 1:1, а само три минути подоцна Осман Дембеле постигна гол за целосен пресврт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германија не се истакна во дебито на Клоп, но беше на секунди од победа во Амстердам

Холандија и Германија одиграа 1:1 во натпревар од групата 2 во најсилната дивизија на Лига…