Дома Топ вести Видео: Атлетико промаши два пенали, но ја победи Валенсија

Видео: Атлетико промаши два пенали, но ја победи Валенсија


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Атлетико Мадрид успеа да ја победи Валенсија со 2:0, иако голманот на домаќините Диего Алвеш им одбрани два пенали.

Диео Алвеш блескаше на голот на Валенсија, во првото полувреме најпрвин ги одбрани ударите на Гризман, Гамеиро и Коке, а потоа и пеналот на Гризман во 43-та минута.

По еден час игра, одличната акција на Караско и Фернандо Торес, чиј удар Алвеш го одбрани, со гол ја заврши Гризман. Неколку минути подоцна Сантос го фаулираше Гризман, Атлетико доби уште еден пенал, а Алвеш го одбрани ударот на Габи.

Во финишот Мангала имаше чиста шанса за 1-1, но Облак го одбрани неговиот удар, а во 92-та минута Гамеиро по извореден соло пробив ги постави конечните 0-2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

И на Барселона и пропадна трансфер поради неколку секунди

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Во последните моменти од преодниот рок Барсе…